Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШарена револуција: Утре протест, во четврток блокади

Шарена револуција: Утре протест, во четврток блокади

Соопштение од Шарената револуција:

Граѓанки и граѓани,

Уставен суд се уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата.

Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство? Или планира да го укине?

Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични.

Граѓани и граѓанки,

СЈО се уште е под закана! Демонстрантите се уште се под закана! Затоа, ајде уште еднаш заедно да им ја покажеме нашата бескомпромисност!

Повикуваме на:
– ПРОТЕСТ во среда (15.06.2016) во 18:00 часот пред СЈО!
и
– БЛОКАДИ НА МОСТОВИ во четврток (16.06.2016) во 12:00 часот во Скопје – Мост Гоце Делчев, Мост Слобода и Мост Мајка Тереза (кај МАНУ)!

Нема да дозволиме криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон! Многу сме, моќни сме, секој/а од нас споделува силна идеја за праведна држава и слободно општество и тоа ќе покажеме преку нашите следни дејствија!
Конечно, после најновата вест за напуштањето на бродот кој тоне од страна на Ставрески, потсетуваме дека не побаравме оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори.

Приклучете се, продолжуваме до слобода!

‪#‎НемаПравдаНемаМир‬
‪#‎Протестирам‬
‪#‎Протестираме‬
‪#‎ШаренаРеволуција‬

 

(Фејсбук статус на Шарената револуција)