HomeДЕНЕШНАРегионСараево на нозе – беснеењето по улици одзеде уште два млади животи

Сараево на нозе – беснеењето по улици одзеде уште два млади животи

Во Сараево се вози бесно како во Скопје – вели репортерот на Позитив.мк кој е во посета на босанската престолнина. Последниот трагичен настан од пред неколку дена ја разбуди свеста кај граѓаните кои со часови ги блокираа улиците во знак на протест, откако две студентки беа сурово прегазени на улица.
saraevo-protest
21-годишната Едита и 20-годишната Селма, двете студентки по психологија, го загубија животот поминувајќи ја улицата, откако 25-годишник поминал на црвено светло со 100 км на час и ги прегазил и двете. Едната девојка починала на лице место, а другата им подлегнала на повредите неколку часови подоцна. Полицијата го открила идентитетот на лицето кое ги прегазило девојките и побегнало, но по него се уште се трага. Последно е виден како ја поминува српската граница.
sarajevo-pregazene-devojke-selma-i-edita-foto-printscreen-facebook-1476180779-1009511
На улицата каде се прегазени девојките, како и пред локалната полициска станица се собраа голем број граѓани да го искажат својот револт за (не)безбедноста во сообраќајот. На местото на несреќата, граѓаните оставија цвеќиња и запалија свеќи за почит кон жртвите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com