Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСан Франциско: Застрелан геј активист

Сан Франциско: Застрелан геј активист

Еден човек бил повреден во тепачка и пукање во Сан Франциско за време на демонстрациите на активисти во поддршка на одлуката на американскиот Врховен суд да ги легализира истополовите бракови, соопшти ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Си-Ен-Ен.

Инцидентот се случил кога при мноштвото позитивни поддржувачи на гејбраковите дошле противниците на легализацијата. Меѓусебните навреди прераснаа во борба, при што еден човек извадил пиштол и почнал да пука. Ранет бил 64-годишен поддржувач на судската одлука, кој е пренесен во болница.

Полицијата приведе две лица. Редотво градот е обновен. Врховниот суд на САД го обелодени пред некој ден решението со кое ги легализира истополовите бракови во целата земја. Засега во некои Држави забраната за слични брачни сојузи останува и не се признаваат хомосексуалните бракови склучени во други држави.