HomeРЕФЛЕКТОРФилмСамуел Л. Џексон: Не ме интересира разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли

Самуел Л. Џексон: Не ме интересира разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли

Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит стана една од главните теми изминатите неколку недели. Свое мислење околу разводот на популарниот холивудски пар имаат сите, а едно од најинтересните секако му пришаѓа на легендарниот актер, Самуел Л. Џексон. Џексон во 1993 година соработуваше со популарниот актер, кога заедно играа во филмот “True Romance“.

Новинарот во емисијата „Good Morning Britain“ го запраша актерот за мислење околу разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, кој смета дека тоа е составен ден од животот и дека луѓето едноставно поминуваат покрај тоа и одат понатаму.

„Тоа е животот, знаете како тоа функционира. Единствен проблем е што голем број на Американци се уште го памтат она што Бред и го направи на Џенифер Анистон и токму тоа мнозинство е сега среќно со тоа што сега таа злобна вештерка остана без маж“, истакна Самуел во емисијата.

Според неговото мислење, дел од луѓето сметаат дека Бред се однесувал нечовечко кон Џенифер, а дел од кривицата и припаѓа и на Џоли. „Можеби постојат и луѓе кои ги жалат, како и нивните деца, но воопшто не гледам зошто тоа би било мој проблем или на некој друг“, додаде славниот актер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com