HomeГИГА БАЈТСмартфонSamsung оди на големо со Galaxy S6 Edge Plus

Samsung оди на големо со Galaxy S6 Edge Plus

Samsung Mobile за прв пат ќе примени нова стратегија во која во една година ќе видиме дури 5 различни премиум смартфони и на тој начин ќе ги покрие сите потреби на корисниците за различна големина на екранот и различни сетапи на компонентите. По Samsung Galaxy Alpha, Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge ќе добиеме четврт супер смартфон во Galaxy S6 Edge Plus кој ќе се разликува со огромниот 5.7 инчен Quad HD дисплеј со заобленост на рабовите.

samsung galaxy s6 edge plus

Без оглед какви перформанси ќе понуди Galaxy S6 Edge Plus, дали со Exynos или Snapdragon процесор со помала или поголема батерија, нова или иста камера, ќе овозможи поголем избор за купувачите кои доколку не се целосно убедени со 5.1 инчниот дисплеј на Galaxy S6 Edge да купат нешто поголемо.

Исто така треба да се земе во предвид дека во Азија има вистинска треска за големите телефони, па Galaxy S6 Edge Plus е најидеалната комбинација со нив, а сигурно ќе има и за нијанса пониска цена со новиот процесор. Промоцијата на Plus верзијата на Galaxy S6 Edge ја очекуваме на почетокот на август.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com