Tuesday, Apr 23, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфон„Самсунг“ најави продажба на половни мобилни телефони

„Самсунг“ најави продажба на половни мобилни телефони

Јужнокорејскиот технолошки гигант планира од следната година да започне со продажба половни паметни телефони и тоа продажба на своите најдобри модели. Новиот програм на „Самсунг“ подразбира продажба на половни паметни телефони кои ги враќаат купците претплатени на програмата „Старо за ново“, на пазарите како Јужна Кореа и Сад.

Во „Самсунг“ ќе се проверува исправноста на уредите, а потоа ќе се продаваат како половни по пониски цени. Ваквиот потег на „Самсунг“ ќе им овозможи на компанијата да се натпреварува со поефтините кинески смартфони, посебно на пазарите во Индија, каде купците не можат да си ги дозволат скапите врвни модели на „Самсунг“.

Меѓутоа, постои и ризик. „Самсунг“ веќе нуди голем број на модели од средна класа, па продажбата на напредните паметни телефони по пониска цена би можела да се покаже како негативна токму на продажбата на тие модели.