Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текSamsung и LG со смартфони кои се отклучуваат со поглед

Samsung и LG со смартфони кои се отклучуваат со поглед

Samsung Mobile и LG Mobile дефинитивно се во трката за обезбедување на новата Retina технологија која ќе овозможи скенирање на рожницата на окото и уникатно заклучување на смартфонот за врвна безбедност.

Претходно се шпекулираше дека првиот смартфон со Retina скенер ќе биде токму Galaxy Note 5, но постои можност Samsung да го одложи користењето на овој новитет за наредната година. Тоа му дава простор за калкулации и на LG Mobile кој првиот Retina скенер ќе го искористи наредната година за LG G5.

Samsung и LG можеби се лидери во индустријата, но сепак нема да бидат пионери бидејќи пред нив веќе е најавено дека Vivo и Fujutsu наскоро ќе ги лансираат своите смартфони со Retina скенери. Во секој случај добро е што има желба за иновативност и во добивка ќе бидат самите корисници со поголема заштита на нивните податоци.

Извор: telefoni.mk