Monday, Apr 24, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонSamsung Galaxy S6 Edge Plus – Поголем, поефикасен, пофраерски

Samsung Galaxy S6 Edge Plus – Поголем, поефикасен, пофраерски

Samsung го претстави и четвртиот супер смартфон оваа сезона кој се чини дека е најквалитетен, особено за фановите на големи фаблети. Samsung Galaxy S6 Edge Plus е значително пошик од основниот модел со 5.7 инчен Quad HD Super AMOLED дисплеј, а има и поефикасен дизајн со потенко тело од 6.9 милиметри.

Samsung-Galaxy-Note5-2

Plus моделот има речиси идентичен хардвер предводен од моќната машина Exynos 7420, 4 GB LPDDR 4 RAM, меморија од 32, 64 и 128 GB, потоа екстра батерија со капацитет од 3000 mAh, како и 16 мегапикселна камера. Дополнување е новитетот HD Live со кој ќе може да стримате видеа во живо.

Samsung-Galaxy-S6-edge-official-4

Samsung Galaxy S6 Edge Plus има заоблен дисплеј со две странични дополнителни ленти на кои ќе се активираат Edge апликациите со посебни содржини и побрз пристап до најчесто користените контакти. Samsung Galaxy S6 Edge Plus доаѓа на 21 август и ќе чини околу 600 евра.

Извор: telefoni.mk