Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветSamsung Galaxy Note 7 забранет во авионите на „Адрија Ервејз“ за време на лет

Samsung Galaxy Note 7 забранет во авионите на „Адрија Ервејз“ за време на лет

Словенечкиот авиопревозник Адриа ервејз, забрани употреба на најновиот модел на мобилен телефон на Самсунг поради безбедносни причини.

Авио-компанијата соопшти дека новите смартфони Галакси Ноут 7 на Самсунг треба да бидат исклучени цело време на летот и не треба да се оставаат во багажот за чекирање.

Мерката е согласно препораките на Европската агенција за авијациска безбедност по информациите дека десетици телефони експлодирале заради дефект на батеријата, резултат од грешка во производството. Самсунг повлече 2,5 милиони такви телефони од неколку пазари во светот.