Friday, May 26, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонSamsung Galaxy A8 потенок и од iPhone 6

Samsung Galaxy A8 потенок и од iPhone 6

Samsung Mobile ги исполни очекувањата на фановите со најновиот Samsung Galaxy A8 кој е нивниот најтенок телефон досега со одлично изработено метално тело од 5.9 милиметри. Освен прекрасниот дизајн Samsung Galaxy A8 може да се пофали со квалитетен сетап за високата класа, па може да биде вброен како еден од подобрите телефони оваа сезона.

Samsung-Galaxy-A8 hardware

Samsung Galaxy A8 е официјализиран со 5.7 инчен Super AMOLED Full HD дисплеј со резолуција од 1080 х 1920 пиксели, работи со осум-јадрен Snapdragon 615 процесор, 2 GB RAM, 16 или 32 GB меморија, како и можност за дополнување преку microSD картичка.

Samsung-Galaxy-A8 conentions

Тенкиот телефон може да се пофали со масивна батерија со капацитет од 3050 mAh која е вистинско изненадување, а нуди и 16 MP ISOCELL камера. Galaxy A8 го користи Android Lollipop системот и најновата верзија на Touch Wiz UI со што се комплетира одличниот пакет проценет на околу 500 евра.

Извор: telefoni.mk