HomeГИГА БАЈТПЦSamsung повика да не надградувате со Windows 10

Samsung повика да не надградувате со Windows 10

Samsung официјално соопштува дека не препорачува инсталација на Windows 10 на своите компјутери.

„Искрено, не препорачуваме инсталирање на Windows 10 оперативен систем на било кој персонален компјутер или лаптоп за Samsung. Интензивно работиме во координација со Microsoft со цел да ги решиме проблемите“, гласи соопштението на Samsung за британското подрачје.

Проблемите се поврзани со драјверите, кои се уште не се компатибилни со Windows 10. Затоа, не надградувајте го вашиот Windows на Samsung компјутерите, а кога проблемот ќе биде решен, компанијата ќе даде повторно официјално соопштение.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com