Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометСамсоненко: Сигурен бев дека ќе победиме, играчите беа во солзи пред натпреварот

Самсоненко: Сигурен бев дека ќе победиме, играчите беа во солзи пред натпреварот

Сергеј Самсоненко кој веќе се чуствува како Македонец е еден од најзаслужните за големиот успех кој постигна неговиот тим Вардар. Бизнисменот со години вложува десетици милиони евра во македонската гордост Вардар и тоа конечно се исплатеше со поразување на најмоќните и најбогатите клубови во Европа.

– Бев сигурен дека ќе победиме зашто играчите беа со солзи во очите уште пред пред натпреварот, изјави сопственикот на Ракометниот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко.

Вели дека на ракометарите им рекол да ги слушаат навивачите, па затоа и по натпреварот тие заедно со нив на трибините ја прославија победата.

– Изненадени сме, многу добар пречек на сите и од тоа сите се среќни, посочи Самсоненко, дополнувајќи дека му е мило што целата држава е среќна за овој успех, бидејќи овој успех е на сите нас.