Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСамоуверена победа – Ѓоковиќ прв финалист на Вимблдон

Самоуверена победа – Ѓоковиќ прв финалист на Вимблдон

Фаворитот за освојување на Вимблдон полека и сигурно ги оправдува очекувањата на обожавателите. Попладнево, Новаќ Ѓоковиќ успеа да се избори за големото финале на грем-слем турнирот совладувајќи го Ришар Гаске со 7:6, 6:4, 6:4.

По скоро два и пол часа игра, Србинот ќе има можност да ја одбрани титулата која ја освои минатата сезона, како и онаа во Лондон во 2011. година, што значи дека Новак цели кон хет-трик.

Противник во финалето ќе биде победникот од дуелот Мареј – Федерер.