HomeДЕНЕШНАСветСамоубивствени напади во Багдад, 17 мртви

Самоубивствени напади во Багдад, 17 мртви

Најмалку 17 лица се починати, додека повеќе од 50 се повредени во самоубивствени напади во шиитските квартови на Багдад, соопштија безбедносните и медицинските извори. Исламската држава ја презема одговорноста за нападот во багдадскиот источен кварт Џадид, наведувајќи дека нејзин припадник ја активирал бомбата во јакна која ја носел, пренесуваат тамошните медиуми. Функционерите пренесуваат дека во тој напад биле убиени најмалку осум лица, а 29 биле повредени.

Во друг напад на бомбаш самоубиец во јужен кварт во Багдад починале најмалку 9 лицаа 26 биле повредени. Како што пишуваат медиумите за овој напад до сега никој нема преземено одговорност, но потсетува дека Исламската држава во Багдад често изведува вакви самоубивствени напади чија мета се шииитите, кои таа терористичка група ги смета за еретици.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com