HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСамоубиство во Велес: Жена скокна од 9 кат

Самоубиство во Велес: Жена скокна од 9 кат

Жена скокна од деветти кат на кулата во центарот на Велес. Падот од 30-тина метри височина бил фатален и таа починала веднаш. Настанот кој ги вознемири жителите од објектот на улица Илинденска бр. 2 се случи денеска околу 10:00 часот.

Го пријавил еден од соседите кој ја видел жената како паднала од горните катови. Со неа на земја паднало и кебе, пишува порталот Лисица. На лице место екипите на крим-техника извршиле увид. Инаку, соседите коментираат дека жената била тивка и повлечена. Немала несогласувања со нив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com