Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСамостојна „Бела ноќ“ пред големиот државен празник

Самостојна „Бела ноќ“ пред големиот државен празник

Денес во Скопје ќе се одржи културната манифестација „Бела ноќ“ како предвесник на прославите по повод 25 години од независноста на нашата држава. Сите културни установи најавуваат богата уметничка програма со претстави, изложби, концерти и презентации. Во МКЦ ќе биде претставен новиот мурал на фасадата кој го креираше уметничката група ЗЕРО, а ќе настапат и „The Membranes“ од Англија, пред платото нс МКЦ во 21 часот.

Во КИЦ посетителите ќе може да ја погледнат ликовната изложба UNIVERSE AS INTEGRITY ALLUSION од ликовнте уметници Шкипе Мехмети, дита Старова и Зарије Амдиу од 10 до 22 часот во Изложбен салон – Империјал 1, како и ликовни дела од Колекцијата на ЈУ Културно информативен центар од 10 до 22 часот во Изложбен салон – Империјал 2.

Во Домот на културата Кочо Рацин ќе има изложба од нивната колекција на уметнички дела, додека пак во 20 часот во Големиот салон, ќе има настап на вокално-инструменталниот ансамбл „Мелизма“.
Во Музеј на Град Скопје ќе се одржат три изложби, односно изложба по повод 106 години од раѓањето на

мајка Тереза и нејзиното прогласување за светица, изложба на слики на авторката Викторија Поповска, како и постојани музејски поставки: Постојана археолошка изложбена поставки во Археолошката сала и изложбата посветена на Скопскиот земјотрес. Музејот на град Скопје ќе биде отворен на 7-ми септември во текот на цела вечер и влезот за сите посетители е слободен.

Низ сите плоштади во Скопје ќе има концерти на голем број на музичари, бендови и изведувачи, а настапите ќе започнат околу 19 часот, па каде и да се наоѓате низ градот ќе може да слушнете одлична музика во живо.
Во МНТ ќе бидат изведени две претстави „Парите се отепувачка“ со почеток во 18 часот и „Свадбата на Фигаро“ во 23 часот.