HomeАНТИСТРЕСПатувањеСамо за храбрите: Ноќевање во сандакот на гроф Дракула

Само за храбрите: Ноќевање во сандакот на гроф Дракула

Наградна игра само за најхрабрите. Две личности ќе преспијат во замокот Бран ноќта помеѓу 31 октомври и 1 ноември благодарение на промотивната понуда на сајтот Airbnb. Во замокот на Дракула во Романија, за овогодинешната „Ноќ на вештерките“ на двајца среќни добитници ќе им биде овозможено за прв пат од 1948 година да преспијат во тој трансилвански замок, пренесе денес АП.
drakula-3
Од учесниците на конкурсот се бара да го искористат својот „вампирски дух“ и да замислат што би му рекле на грофот Дракула кога би го сретнале.
drakula-2
На гостите ќе им биде послужена вечера, а потоа ќе останат сами и ќе легнат во мртовечки ковчези обложени со кадифе, исто како што правел грофот Дракула во страшниот роман кој ја направи популарна таа легенда. Доколку на победниците на конкурсот им биде премногу морничаво да спијат во мртовечки сандаци, во замокот на Карпатите на располагање ќе им бидат и кревети.
drakula-1
Овој замок е познат по врската со принцот кој навистина живеел таму во 15 век и имал суров обичај своите жртви да ги прободува со колец, што било инспирација за приказната за грофот Дракула. Замокот на Дракула е една од главните туристички атракции во Романија со повеќе од 630.000 посетители годишно, наведува американската агенција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com