Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСамо во Југославија – колку луѓе собира во едно Фиќо?

Само во Југославија – колку луѓе собира во едно Фиќо?

Во далечната 1969 година во бивша Југославија ревијата Старт организирала натпревар – најголем број на луѓе во Фиќо во кој се натпреварувале матуранти од сите средни школи во тогашната СФРЈ, пренесува порталот automototrend.com.hr.

Победници на тој натпревар биле матурантките и матурантите од IV-1 од учителското школо од Травник кои успеале во Фиќо да влезат дури 26 ученици. Секако треба да се напомене дека вратите биле затворени, но не и прозорите, а задното седиште било преклопено, како што стоело во правилникот за нетпреварот.

После победата, матурантите ја освоиле главната награда која била автомобил Zastava 750 „Фиќо“, подарок од фабриката Црвена Застава од Крагуевац. Но она што е интересно во моментов покрај рекордот е тоа што многу луѓе располагале со една награда, па затоа се одлучиле да го продадат автомобилот, а со парите што ги добиле ја финансирале својата матурска екскурзија по нашата Македонија.