HomeДЕНЕШНАПолитикаСамо ВМРО ДПМНЕ не ја потпиша декларацијата за заштита на жените од насилство

Само ВМРО ДПМНЕ не ја потпиша декларацијата за заштита на жените од насилство

deklaracija-nasilstvo-vrz-zeni

19 политички партии се обврзаа дека ќе ја ратификуваат Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство. Тие денеска ја потпишаа декларацијата за спречување и заштита од насилство врз жените. Од поголемите партии својот потпис единствено не го стави ВМРО ДПМНЕ. Организаторот нема образложение зошто, особено со оглед на фактот дека на неколку претходни средби со партијата биле посочени целите на декларацијата.

Македонија е единствена меѓу земјите во регионот која се уште ја нема ратификувано конвенцијата.

Потпишувањето на декларацијата го поздравија и од Обединетите нации. Од оваа организација ги повикаа партиите поскоро да ја ратификуваат Истанбулската конвенција, која е и нивен врвен приоритет.

„Истанбулската конвенција е најдобрата законска рамка во светот за борба против насилството врз жената. Направена е на многу силни основи на конвенцијата на Советот на Европа. Она што и дава моќ е ставот дека единствен начин да се елиминираат силувањето, сексуалниот напад, домашното насилство и други форми на насилство базирани на родова нееднаквост, е да се обезбеди родова еднаквост меѓу мажите и жените“, потенцира Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите Нации.

Првата земја која пред 39 години го забранила тепањето деца е Шведска, а потоа овој пример го следеле и други земји. Амбасадор на Шведска смета дека најголем дел од жртвите не го пријавуваат семејно насилство, затоа што најчесто се повредувани од некој близок. Стефансон смета дека жените не треба да се срамат или да се плашат.

„Правејќи го насилството законски нелегално, за жал не е доволно за да се стави крај на истото. Според официјалните податоци, само 20-25% од жртвите на домашно насилство во мојата земја – Шведска, пријавиле в полиција. И во 3 од 4 случаи, сторителот и е познат на жртвата, на жената. И во речиси половина од сите случаи сторителот има некаква поврзаност со жената“, додаде Мат Стефансон, амбасадор на Шведска во РМ.

Ратификацијата на конвенцијата значи обврска на државата да обезбеди финансиска подршка за постоечките како и за отворање нови прифатилишта за жртвите. Кај нас има само четири, додека во КОсво и во Словенија кои имаат приближно ист број жители како МАкедонија дури 20. Нивното отворање ќе значи спас за многу од жените кои остануваат со насилникот бидејќи немаат друг излез.

Истражувањата покажуваат едка секоја трета жена е жртва на одреден вид насилство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com