Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текСамо небото е граница за Facebook и соларниот дрон Aquila

Само небото е граница за Facebook и соларниот дрон Aquila

Facebook подолго време речиси тајно работеше на новиот соларен дрон Aquila за кој се знаеше само дека е во тест фаза, но сега е изведен и првиот успешен на висина од 655 метри со поминати 96 минути во воздух.

Секако, крајната цел е големиот дрон кој е долг речиси како Боинг 747 е да доставува интернет до најтешко достапните места, но за тоа ќе му треба далеку помоќна батерија која ќе може да ја преработува соларната енергија за да се одржи во лет најмалку 3 месеца и тоа на височина од неколку илјади метри.

Засега главен проблем на Facebook се токму батериите бидејќи тие тежат колку половина летало, а поголем капацитет е неопходен кога има подолг период на облачни денови или пак во зима кога дневната светлина е ограничена. Затoa Facebook истражува нови технологии на „густи“ батерии кои ќе може да обработат поголемо количество енергија за кратко време.

Извор: telefoni.mk