HomeДЕНЕШНАСветСамо еден демонстрант на протестот на Џонсон пред руската амбасада во Лондон

Само еден демонстрант на протестот на Џонсон пред руската амбасада во Лондон

Само едно лице излезе на протестот пред руската амбасада во Лондон на кој ги повика министерот за надворешни работи Борис Џонсон. Лицето кое се појави на протестот пред руската амбасада во Лондон е Ден Харпер кој има 43-години. Харпер во средата стоеше пред зградата во западен Лондон два часа за потоа да се врати во својот дом во јужниот дел на британската престолнина.

Амбасадата на Русија во Лондон објави фотографија од демонстрантот кој носел натпис „Русите престанете со бомбардирање на сириски цивили“. Џонсон во вторникот повика на антивоен протест поради бомбардирањето на Алепо во Сирија. „Сигурен сум дека би сакал да видам протести пред руската амбасада“, изјави министерот за надворешни работи за време на расправата околу бомбардирањето во Алепо во британскиот парламент.

boris-dzonson

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com