Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСамка Ибраимовски, Мендух Тачи и Силвана Бонева во понеделник на распит во СЈО

Самка Ибраимовски, Мендух Тачи и Силвана Бонева во понеделник на распит во СЈО

Самка Ибраимовски, лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), лидерот на ДПА Мендух Тачи и членот на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева се повикани да дадат исказ во Специјалното јавно обвинителство. Тие треба да се појават таму утре – дознава СДК.

Сите тројца ќе одговараат на прашања поврзани со изборни малверзации, сомнежи произлезени од прислушкуваните разговори.

Во средата на распит во СЈО се појавија и Тони Јакимовски, поранешен шеф на Кабинетот на директорот на УБК и Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи како осомничени во предметот „Тврдина“. И двајцата побараа увид во доказите со кои располагаат специјалните обвинители.