Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСали Бериша повика на вооружување на населението, за ЈО тоа не е кривично дело

Сали Бериша повика на вооружување на населението, за ЈО тоа не е кривично дело

Јавното обвинителство во Албанија соопшти дека нема да презема дејства против поранешниот премиер на земјата Сали Бериша поради неговиот повик до граѓаните да се вооружат.

Против Бериша беше поднесена пријава од владејачката Социјалистичка партија, откако ја обвини владата за врски со криминални групи и ги повика Албанците да се вооружат за да можат да се бранат.

Поседувањето оружје е нелегално во Албанија и Бериша побара да се подготви нов закон за да можат граѓаните да поседуваат оружје. Јавното обвинителство посочи денеска дека зборовите на Бериша претставувале „политички поглед”, за кој не треба да носи кривична одговорност.