Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимСакате здрави деца – Фрлете ги во контејнер

Сакате здрави деца – Фрлете ги во контејнер

Новото истражување на група на генетичари од Њујорк откри една стара вистина која можеби на многумина им е позната, а тоа е за да имате поголем отпорност на зарази мора да го создадете имунитетот, кој пак не може да постои без присуство на антитела. Затоа препорачуваат да не ги чувате децата во стаклено ѕвоно со ултрахигиенски навики, туку од мали треба да дојдат во контакт со бактерии за да створат отпорност.

Тоа значи слободно допирање на секаква површина бидејќи бактериите се присутни насекаде и не се штетни за организмот. Идејата за контејнерот не треба буквално да се сфати, туку само како за илустрација дека не треба да ве фаќа паника секогаш кога децата ќе допрат нешто „прљаво“.

Истражувањето е спроведено во метрото во Њујорк каде има огромно присуство на бактерии, но овие микроби се „природни“ и не може да предизвикаат зарази, за разлика на пример од расипана храна и пијалоци.