Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСакате добра заработка? Германците бараат берачи на аспарагус за 150 евра од ден

Сакате добра заработка? Германците бараат берачи на аспарагус за 150 евра од ден

Медиумите на Балканот, посебно хрватските се преплавени со веста за најдобриот начин за брза и лесна заработка за не толку тешка работа, барем така тврдат тие. „Слободна Далмација“ ја откри веста за слободни места и работа како берач на аспарагус со дневна плата од 150 евра, пауза за ручек и слободна недела.

Ако заработката претставува позитивност од профитабилна страна, сево ова има и свои негативни ефекти. Мора да се истакне дека берењето аспарагус вклучува целодневно подгрбавена положба на телото, макотрпна репетитивна мануална работа и повремено тешко подносливи климатски услови – топлина и работа во кал.

Од Здружението за невработени во Сплитско – далматинскиот округ изјавуваат дека целосно ги разбираат очајните, невработени граѓани на целиот Балкан кои ги разгледуваат опциите за сезонска работа во странство, но дека ваквиот тип на вработување не е решение.