Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСајтови на македонски институции мета на хакерски напад

Сајтови на македонски институции мета на хакерски напад

Неколку интернет страни на македонски институции вчеравечер биле жртва на хакерски напад и биле ставени целосно надвор од функција. Според неофицијални извори, се работи за сајтовите на Јавното обвинителство, Министерството за информатичко општество и администрација, МАРНЕТ и сајтот е-трговија.

Хакерскиот напад е од страна на “sumedang cyber team”, на чие отворање на некоај од хакираните сајтови се појавува слика со натпис “kissed by ustadcage”. Ако се побара истоимениот натпис на Интернет, се добиваат содржини кои се поврзани со исламистичка пропаганда.