Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаСахара некогаш била џиновско езеро

Сахара некогаш била џиновско езеро

На просторот на денешната пустина Сахара некогаш се простирало џиновско езеро, пренесува Дејли мејл. Британски научници откриле дека некогаш најголемото слатководно езеро кое покривало 360.000 квадратни километри во централна Африка толку многу се намалило, што денес може да се смета за „бара“ во однос на својата некогашна димензија.

Откритието објаснува и како Амазонската прашума и понатаму расте благодарение на хранливите честички прашина што со ветришта од Сахара се пренесуваат сѐ до Јужна Америка и ја оплодуваат почвата. „Анализите покажаа дека влажниот период нагло прекинал на северот на Африка пред околу 5.000 години и речиси целосно го исушил езерото“, тврдат научниците.
sahara1
Меѓутоа, најновите истражувања покажале дека тој процес влегол во својата завршница пред само 1.000 години, што го остава отворено прашањето како Амазонија претходно се одржувала во живот. Сѐ што останало од гигантското езеро е сегашното езеро Чад кое излегува на четири држави – Чад, Нигерија, Нигер и Камерун, кое зазема 335 квадратни километри и продолжува да се намалува. Научниците користеле сателитски снимки за да ги мапираат некогашните линии на брегот на езерото Мегачад. Тие ги анализирале и седиментите за да ја пресметаат староста на тлото.