Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСахара груп не се откажува од хотелот Славија – Започна реновирањето

Сахара груп не се откажува од хотелот Славија – Започна реновирањето

Бизнисмените од Индија се уште се присутни во Македонија и еден од почетните проекти дури сега ќе започне да се реализира, па затоа Сахара груп најави дека започнува реконструкцијата на хотелот Славија кој го откупија во 2013-та.

„Сахара Груп е посветена кон своите инвестиции во Република Македонија, иако не беше во можност да ги оствари своите заложби во земјоделскиот сектор. Моментално се фокусираме кон туризмот и угостителството. Сахара моментално е поддржана преку своите канцеларии и оперативност во Скопје и Охрид, каде тим од 10 луѓе работи и наскоро ќе започне со регрутација на повеќе лица за своите бизнис активности”, соопштува компанијата.

Hotel Slavija_Sahara 2

Идејата е хотелот Славија да добие модерен и лукзузен изглед кој ќе биде привлечен за домашните и странските туристи на самиот брег на Охридското езеро. Сахара Груп најави дека веќе се ангажирани архитекти и дизајнери на ентериер, од Македонија, но и од тимот на дизајнери во Индија.

Како доказ дека Сахара Груп е посветена кон развој на инвестицијата, говори фактот дека Сушанто Рој го посети хотелот изминатово лето, со цел да го провери напредокот на подготовките за реновирање да се запознае со изведувачите. Во кратка изјава, Рој го искажа своето задоволство за првите, но цврсти чекори на овој проект во Македонија, пренесуваат од компанијата.