Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСагата наречена специјален обвинител продолжува, рокот за негово избирање истекува утре

Сагата наречена специјален обвинител продолжува, рокот за негово избирање истекува утре

Работните групи на политичките партии и белгискиот експерт Питер Ванхауте работеа за време на викендот на избирање на специјален обвинител, чијшто рок за избор истекува утре. Договорот од Пржино наведува именување на нов специјален обвинител до 15-ти септември, со целосна автономија за водење на истрагата на „Прислушување“ и „Пуч“.

Во прашањето за специјалниот обвинител, договорено е тој да има тим обивинители, но не е позната одлуката во однос на тоа колку и по чиј предлог ќе се избираат. Според изјавата на Ванхауте од петокот, подготвена е предлог верзија за измена на законот за избор на специјалниот обвинител, која тој ја претстави пред работните групи.