Thursday, Mar 30, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСафин и Анен се примени во куќата на славните

Сафин и Анен се примени во куќата на славните

Поранешните тениски ѕвезди и освојувачи на Гренслем титули, Русинот Марат Сафин и Белгијката Жастин Анен се примени во Куќата на славните.

Анен за време на својата професионална кариера освои седум грен-слем трофеи, меѓу кои четири Ролан Гарос две на УС Опен и една на Австралија Опен, а на ВТА-листата на првото место мина дури 117 недели финиширајќи како тенисерка број 1 во 2003, 2006 и 2007 година.

Марат Сафин во кариерата освои два грен-слема и тоа на УС Опен 2000 година и Австралија опен 2005 година. Вкупно во кариерата освои 15 титули, а девет недели мина на првото место на АТП ранг-листата.

Свеченоста на прием во Куќата на славните, и за двајцата тенисери, ќе се одржи во јули следната година.