Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД со масовна акција против мафијата

САД со масовна акција против мафијата

Американското државно обвинителство соопшти дека покренало обвиненија против 46 криминалци, поврзани со мафијашките семејства. Спроведени се координирани акции на апсење на Федералното истражно биро (ФБИ) долж целиот Источен брег на САД.

Уапсените се обвинети за водење криминална организација која делувала од Масачусетс, па се до Флорида, а се занимавала, меѓу другото, со изнуди, подметнување пожари, измами, илегално коцкање, трговија со оружје и физички напади, пренесуваат француските медиуми.

Полицијата се сомнева дека уапсените се поврзани со мафијашките семејства од Њујорк со сицилијански корени – Џеновезе, Гамбино, Лукезе и Бонано, како и со семејните криминални групи од Филаделфија. Оваа акција покажува дека мафијата по десетина години повторно ги воспоставила криминалните активности и не е целосно искоренета.