Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД: Нема милост за предавникот Сноуден

САД: Нема милост за предавникот Сноуден

Америка сепак сака да го види Сноуден на обвинителна клупа. Белата куќа ја отфрли петицијата со која се бара САД да го помилуваат пребеганиот екс соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден.

Неговото обелоденување на тајни разговори и преписки предизвикаа меѓународен бес и им наштети на односите меѓу сојузниците – сметаат американците.

„Тој треба да дојде дома во Соединетите држави за да му се суди за она што го стори, а не да се крие во авторитарен режим“, изјави Лиса Монако, советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама, во врска со петицијата потпишана од 168 илјади приврзаници на Сноуден.

Тој во 2013 година доби азил во Русија. Приврзаниците му честитаат на храброста и велат дека јавноста дека има право знае со какви методи се служи американскиот естаблишмент