Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСАД: Не сакала да му ги покаже кучињата, па ја убил

САД: Не сакала да му ги покаже кучињата, па ја убил

Момче на возраст од 11 години пукало во 8-годишното девојче Латаша Даер бидејќи не сакала да му ги покаже своите кученца. Пиштолот од кој пукал единаесетгодишникот бил на неговиот татко кој легално го поседувал, соопштува американската полиција. Детето е обвинето за првостепено убиство како малолетник.

Американската непрофитна организација Архива за оружено насилство соопшти дека во оваа година 559 деца на возраст од 11 години или помлади, се убиени или повредени во оружено насилство во САД.