Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД ќе го намали загадувањето со метан – Нафташите против

САД ќе го намали загадувањето со метан – Нафташите против

Последниот голем подвиг на Барак Обама ќе биде борбата за зачувување на животната средина со намалување на загадувањето со метан што ќе ја чини нафтената индустрија 400 милиони долари до 2025 година. Се подготвува обемен закон со задолженија компаниите да спречат ширење на метан од бушотините и загадување на природата, како и негово складирање со нова технологија.

climate change3

Барак Обама на овој начин ќе ги исполни ветувањата до поборниците за климатски промени кои бараат одлучни акции во спречување на загадувањето од нафтените компании. Освен, намалувањето на емисиите на метан ќе се спроведат и акции за редуцирање на јаглеродниот диоксид во повеќе индустрии кои се најголеми загадувачи. Планот на Обама може да биде спречен доколку не биде изгласан во Конгресот.