Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСад испраќа тенкови во источна и централна Европа

Сад испраќа тенкови во источна и централна Европа

Вашингтон ќе распореди тенкови, артилерија и друга воена опрема во источна и централна Европа, во обид да ги убеди сојузниците од НАТО во загриженоста поради можна интервенција на Русија во Украина, рече американскиот секретар за одбрана Аш Картер.

Картер кој се наоѓа во посета на Естонија, денеска во Талин рече дека Естонија, Литванија, Латвија, како и Бугарија, Романија и Полска се согласиле на своја територија да сместат дел од опремата. Дел од опремата ќе биде лоцирана и во Германија.

Од руското Министерство за одбрана велат дека стационирањето на тенкови и тешко оружје во земјите членки на НАТО кои граничат со Русија ќе биде најагресивниот акт на САД од крајот на Студената војна.