Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСАД и Русија играат шах над Сирија, ќе прифатат ли реми!?

САД и Русија играат шах над Сирија, ќе прифатат ли реми!?

Пред почетокот на состаноците на Г20 Самитот кој се одржува во Кина, дипломати и политичари од Русија и САД се во последна „партија“ шах пред одлучувањето на судбината на Сирија која со години води крвава граѓанска војна.

rusija iran baza

Според извори од Стејт Департментот постои шанса за договор и окончување на конфликтот, но само ако Русија прифати одредени компромиси кои секако подразбираат тргање на Башр ал Асад од власт.
Претходно британската премиерка Тереза Меј посочи дека Западните сили и Русија имаат преголеми разлики за тоа кого поддржуваат, но направен е голем исчекор во соработката, па можеби токму во текот на денот ќе биде откриен и договорот.