Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСАД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија e пример за решавање спорoви меѓу соседите

САД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија e пример за решавање спорoви меѓу соседите

Амбасадите на САД во Скопје и во Софија денеска преку заедничко соопштение го поздравија предлог-договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија, оценувајќи го како пример за решавање на спорови меѓу соседите.

„Договорот ги потврдува тесните врски помеѓу двете земји и демонстрира добра волја од државите да ја зајакнат соработката во интерес на своите граѓани. Овој ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорните прашања меѓу соседите и за зајакнување на политичката стабилност и на економскиот развој на Западен Балкан. Ги поздравуваме Бугарија и Македонија за овој историски, прогресивен чекор“, се вели во соопштението на двете амбасади.