Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСАД: Џафери е легитимен претседател на Собранието, осуда за насилството

САД: Џафери е легитимен претседател на Собранието, осуда за насилството

Најостро го осудуваме насилството во парламентот. Тое не е конзистентно со демократијата и не е прифатлив начин за да решат разликите. Критично е партиите да најдат прифатлив начин да ги решат разликите.
Круцијално е сите партии да ги почитуваат демократските процеси и законот, и да се воздржат од насилни акции кои ќе ја отежнат ситуацијата, посочи амбасадата на САД.
Мнозинството на пратениците го избра Талат Џафери како претседател на Собранието за време на регуларна продолжена седница на парламентот посведечена од пратениците и медиумите.
Ќе работиме со него за да ја поддржиме демократијата и интересите на Македонија, стои во соопштението на амбасадата на САД во Македонија.