Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСАД бара од Косово да запре со формирањето војска

САД бара од Косово да запре со формирањето војска

Американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави категорично побара од косовските власти да ја запрат процедурата за формирање на Војска на Косово, оценувајќи дека таа процедура е неприфатлива, иако повтори дека неговата земја се залага за основање на ваква војска. Во интервјуто за порталот Insajderi.com Делави рече дека САД долго работеле на тоа Косово да има војска, но преку уставни промени и во консултација со сите заедници.

Тој додаде дека бил изненаден од предлогот на претседателот на Косово Хашим Тачи за измени на Предлог законот на Безбедносните сили на Косово (БСК), што уште повеќе го разочарало, имајќи ги предвид определбите на САД да ги изградат сегашните капацитети на БСК. Делави ги отфрли изјавите на Тачи и на претседателот на косовското Собрание кадри Весељи, дека процесот на трансформација се одвива во целосна координација со партнерите.