HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосРуското вселенско летало стигна на својата дестинација

Руското вселенско летало стигна на својата дестинација

Вселенскиот товарен брод „Прогрес М-28М“ кој беше лансиран во петокот од рускиот космодром Бајконур во Казахстан, се присоединил на пристанишниот сектор „Пирс“ на Меѓународната вселенска станица, објави рускиот Центар за управување со вселенските летови.

Ракетата „Сојуз-У“ со капсулата „ Прогрес М-28М“, беше лансирана на 3-ти јули, и е првиот руски товарен вселенски брод кој е испратен кон Меѓународната вселенска станица (ISS), по априлската хаварија летало од истиот тип. На 28-ми април, откако контролата од Земјата изгуби контакт, капсулата не успеа добро да се одвои од „Сојуз“ и бидејќи не успеа да достигне во саканата орбита, капсулата на 8-ми мај се запали и се распадна по влегување во атмосферата.
letalo
Процесот на присоединување на „Прогрес“-от кон орбиталната станица го контролирал рускиот космонаут, командантот на екипажот на 44-та експедиција на ISS и новиот вселенски рекордер Генадиј Падалка, со помош на инженерот Михаил Корниенко, кои заедно со астронаутот на американската NASA, Скот Кели, минаа во орбитата цела година.

„Прогрес М-28М“ на Меѓународната вселенска станица достави околу 2,4 тони товар, гориво, резерви кислород, вода, прехранбени продукти, апарати за поддршка на функционирањето на станицата, како и пакети за астронаутите. Екипажот на ISS, инаку, нестрпливо ја очекуваше оваа пратка, откако претходните два обида за лансирање на успеаја. По рускиот во април, минатата седмица и американската ракета „Falcon“ експлодираше неколку минути по лансирањето од Кејп Канаверал на Флорида.

извор:Макфакс

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com