Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРуските специјалци на тајна операција против ИСИС во Качаник !?

Руските специјалци на тајна операција против ИСИС во Качаник !?

Од косовскиот град Качаник кој важи и за балканско упориште на борци на ИСИС се шират информации дека претходната недела имало силна антитерористичка акција на руските специјалци кои упаднале и уапсиле барем еден џихадист. На мета на руските специјалци бил Љавдрим Мухаџери за кој имаше сомнежи дека со своја терористичка група се крие и во неколку скопски села.

muhageri

Причината за упадот на руските специјалци кои биле стационирани претходно во Србија е за пронаоѓање на виновниците за поставувањето на бомба во патничкиот авион Ербас кој се сруши над Синајскиот полуостров со загинување на 200 патници и членови на екипажот.

За апсењето на Мухаџери се уште нема официјална потврда, ниту косовските власти јавно говорат за наводната акција на руските единици. Единствено информацијата се базира на сведоштва на жители на Качаник кои слушнале престрелка со огнено оружје, па затоа тешко е да се потврди што навистина се случувало.