Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуски владини хакери го извеле големиот напад врз Yahoo

Руски владини хакери го извеле големиот напад врз Yahoo

Американското Министерство за правда обвини двајца руски агенти од разузнавачките служби за извршување на големите хакерски напади врз Yahoo со цел кражба на кориснички сметки со податоци за корисниците и нивните лозински

Yahoo претходно соопшти дека со упадот на нивниот сервис во 2014 година биле загрозени околу 500 милиони профили, но за жал не реагираа навремено за корисниците да бидат заштитени со безбедносни мерки.

Шпионите украле имиња, електронски пошти, телефонски броеви, датуми на раѓање и лозинки на профилите, но не и податоци поврзани со банкарските сметки на корисниците Yahoo.