HomeДЕНЕШНАСветРуски весник отстрани интервју со информација дека Путин ќе се повлече

Руски весник отстрани интервју со информација дека Путин ќе се повлече

vladimir_putin_-_2006

Рускиот дневен весник „Московски космомолец“ од својата веб-страница отстрани интервју со руски аналитичар кој вели дека рускиот претседател Владимир Путин може да се повлече од функцијата пред следните претседателски избори во 2018 година.

Интервјуто со аналитичарот Валери Соловеи се појави на веб-странициата на весникот на 10 ноември, но брзо беше отстрането. Извори блиски до Соловеи за медиумите велат дека тој веднаш по интервјуто ја напуштил Москва, на непозната локација.

Во интервјуто Соловеи вели дека Москва може да распише предвремени избори во 2017 година, бидејќи Путин разбирал дека Русија нема да може да ги нормализира односите со Западот додека тој е на власт.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com