Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноРуски милијардер потрошил 2 милиони долари за свадбата на синот

Руски милијардер потрошил 2 милиони долари за свадбата на синот

Саргис Карапетјан и Саломе Кинтсурашвили се венчале минатата сабота на една од најекстравагантните церемонии кога било. Саргис е син на рускиот милијардер Самвел Карапетјан, кој е еден од најбогатите Руси и се наоѓа на 28-то место на листата на најбогати Руси на „Форбс“.

Невестата носела три различни венчаници, а едната од нив била креација на познатиот Ели Саб, која чинела дури 35.000 долари и накит од „Тифани“ вреден 200.000 долари. Додека на младенците на свадбата им свиреле Maroon 5 кои чинеле помеѓу 500 и 800 илјади долари.

По потекло Ерменец, на свадбата на синот од Самвел во Москва пристигнал дури и претседателот на Ерменија. Убавата Саломе била опсипана со дијаманти, а ја носела и тијарата која Кери Малиган ја носела во филмот „Големиот Гетсби“.

Големите лустери, ѕидот од цвеќе, дијамантите – сето тоа предизвикало огромно воодушевување кај пријателите и роднините на младата двојка. Поради тоа, свадбата била исклучително раскошна и гламурозна, а чинела околу два милиони долари.

На венчавката присуствувале околу 500 гости, а меѓу нив биле многу руски ТВ-лица.

najskapata-svadba-1234

najskapata-svadba-12345

skapa svadba

skapa svadba2

svadba4(1)