Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуските медиуми ја повлекоа веста за смртта на узбекистанскиот претседател Каримов

Руските медиуми ја повлекоа веста за смртта на узбекистанскиот претседател Каримов

МИА ја повлекува веста за смртта на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов откако руски и узбекистански медиуми ја повлекоа информацијата нагласувајќи дека пренесуваат соопштение од Владата во Ташкент.

Руски медиуми ги повлекоа вестите за смртта на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов, нагласувајќи дека тие се објавени поради технички причини.

Интерфакс и РИА новости им се извинија на корисниците нагласувајќи дека Владата во Узбекистан засега не објавиле соопштение за смртта на Каримов. Претходно, тие објавија дека Каримов починал пренесувајќи соопштение од Владата во Ташкент.

Западни медиуми, меѓу кои Би-Би-Си и Ројтерс јавија повикувајќи се на дипломатски извори дека Каримов починал.

ДПА ја повлече веста откако и руските медиуми ја повлекоа информацијата за смртта на узбекистанскиот претседател.

МИА