HomeДЕНЕШНАСветРуски бомбардер се урна во Средоземното море

Руски бомбардер се урна во Средоземното море

ruski-bombarder-urna

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски воен авион Миг-29 денеска се урнал во Средоземното Море во близина на сирискиот брег по полетувањето од носачот на авиони Адмирал Кузњецов. Министерството соопшти дека пилотот не е во опасност и е вратен на носачот на авиони, откако се катапултирал од авионот.

Авионот бил дел од напаѓачка ескадрила која се упатила да изврши напади врз цели во Сирија. Сепак, кај еден од авионите, бргу после полетувањето, се појавиле технички проблеми. Пилотот се обидел да се врати назад на носачот на авиони, но при обидот да слета, неговиот авион се урнал во водите на Медитеранот, во близина на носачот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com