Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуски академик: Во август се планираат напади на Србија, БиХ и Македонија

Руски академик: Во август се планираат напади на Србија, БиХ и Македонија

Рускиот академик и историчар, Елена Гускова предупредува дека исламистите во август ќе извршат вооружени напади во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, односно дека реализацијата на „зелена трансверзала“ влегла веќе во завршна фаза.

Во текстот којшто руската историчарка го доставила до новинската агенција во Република Српска, Срна, наведува дека ќе се „кренат со оружје во рацете“ Албанците во Македонија и на југот на Србија, во ткн. Прешевска долина, како и во Санџак (Рашка).

„Ќе се обидат да ги заземат регионите каде што има српско население, а во централна Србија и БиХ ќе бидат извршени неколку терористички напади заради привлекување внимание“, пишува Гускова. Според неа, потоа сé ќе се одвива по старо сценарио, односно полицијата во Србија и Македонија ќе започне операција против вооружените терористи.

„Како последица на провокациите, во судирте ќе загинат албански цивили, а потоа исламистите во Србија, Македонија и БиХ ќе земат оружје да им помогна на ‘загрозените браќа’“, смета Гускова.

Тие судири, според неа, би можеле да добијат широк замав, до воени дејствија со различен интензитет, “би можеле да бидат зафатени и Србија, БиХ, Македонија и Црна Гора“ наведува. Предупредува дека најтешко би можело да биде во Република Српска и дека таму под изговор за „регулирање на конфликтот“ би можело да се обиде да дојде НАТО или нови одреди исламисти.

Гускова се занимава со постоењето на „исламска држава“ на Балканот и истакнува дека приливот на муслимански бегалци од Блискиот исток на Балканот е зголемен.
guskova
„Американците сакаат да го решат проблемот со непокорените балкански Словени, но и покрај гушењето на суверенитетот и управувањето однадвор, Вашингтон не постигна потполн успех. Република Српска ја јакне својата позиција, Македонија се обидува да ја одбрани својата независност, а Србија не го признава Косово“, вели Гускова.

Според неа, на Балканот е очигледен растот на исламскиот радикализам. „На југот на Србија и во Црна Гора делуваат исламстичките организации Вехабии, Црвена роза, во Македонија – Тарикат, на Косово и северот на Албанија се ќелиите на Ал Каеда. Во БиХ исламистите се претставуваат како заговорници на унитарна муслиманска Босна и како организатори и извршители на терористички напади, а целта им е создавање на ткн Зелена трансверзала“, смета Гускова.

Таа проценува дека унгарскиот ѕид и затворањето на границата кон Србија, ќе го зголеми бројот муслимански бегалци кои остануваат на просторите на Србија и Македонија. Предупредува притоа дека бегалците доаѓаат без документи и дека во Србија добиваат документи „на збор“, а според нејзините податоци границата на Србија за половина година ја минале 60.000 емигранти.

„Повеќето бегалци кои се појавуваат во Србија се мажи, не постари од 27 години, 94 отсто од нив се со исламска вероисповед, 56 отсто се без семејства. Не сакаат да се фотографираат и не им недостигаат пари. Во Србија се наоѓаат илјада џихадисти, од кои околу 200 се во Белград, а останатите во други населби во Србија. Меѓу нив има многу косовари, а парите добиваат од Виена“, пишува Гускова.

Eлена Гускoва потсетува на изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за опасноста од исламскиот радикализам и дека во Сараево се градат 34.000 станови за Арапи, како и дека има 3.400 потенцијални опасни субјекти способни да вршат терористички напади.

извор:Макфакс.ком.мк