Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуски агенти ги обработувале советниците на Трамп

Руски агенти ги обработувале советниците на Трамп

Руски агенти се обиделе да влијаат врз претседателската кампања на Доналд Трамп минатата година преку неговите блиски соработници, вклучувајќи го и поранешниот советник за надворешна политика Картер Пејџ, пренесува во сабота CNN.

Како што наведува телевизискиот канал, ова било откриено на состанокот на ФБИ минатото лето.

ФБИ покрена истрага за да утврди дали имало „координација“ меѓу блиските соработници на американскиот претседател и руски функционери за време на кампањата во 2016 година.

Сепак, не е јасно дали Картер Пејџ знаел дека Москва сака да го искористи, велат анонимни американски функционери за CNN.

Поранешниот советник беше под надзор на ФБИ минатата година заради можна поврзаност со Русија и е цел на поширока истрага за руските обиди за влијаење врз американските избори. Тој сите овие обвинувања ги негира.

Уште неколку советници на Трамп биле во контакт со руски функционери или агенти, доволно често тоа да побуди сомнеж кај тајните служби, наведува CNN.

Извор: makfax.com.mk