Thursday, Apr 18, 2024
HomeИздвојувамеРуската царска престолнина прогласена за најдобра туристичка дестинација во Европа

Руската царска престолнина прогласена за најдобра туристичка дестинација во Европа

Руската царска престолнина прогласена за најдобра туристичка дестинација во Европа. Санкт Петербург ја доби најпрестижната награда World Travel Awards (популарно наречена „туристички Оскар“). Илјадници патници и специјалисти кои работат во туристичката индустрија гласаа за номинациите во разни категории, а Санкт Петербург заслужено го привлече нивното внимание.

Северната руска престолнина е позната по своите богати дворци и цркви со богата историја, затоа и не е за изненадување што ова место стана идеална дестинација за патниците, истакнува „Бизнис Инсајдер“. Како знаменитост која мора да се види, изданието го препорачува Храмот на Вознесение Христово кој плени со својот оригинален колорит и впечатливите мозаици.
peterburgВторо популарно туристичко место во Санкт Петербург е Зимскиот дворец, во кој се наоѓа и музејот Ермитаж, каде можат да се видат околу 700 илјади уметнички дела. Самиот Зимски дворец се наоѓа на Дворцовиот плоштад – главниот плоштад на градот, каде може да се види и зградата на Главниот штаб и Александровскиот столб, се вели во статијата.

„Бизнис Инсајдер“ препорачува задолжително да се посетат Исаакиевскиот собор, Александровскиј сад, опеан од Пушкин, како и Екатеринскиот дворец. Исто така, во статијата се наведуваат и паркот „Петергоф“, зградата на „Домот на книгата“ и Морскио собор на Св. Николај Чудотворец.
sankt-peterburg-piter-st-4745