Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРуската рубља ја зголемува вредноста

Руската рубља ја зголемува вредноста

Оваа година руската валута покажа „радикално јакнење”, бидејќи опстана во услови на пад на цената на нафтата.

Иако во 2015 година рубљата беше меѓу последните пет валути според своите показатели, оваа година руската валута се пласираше на трето место.

Во вториот квартал оваа година стопанската активност на Русија е намалена за 0,6 отсто во однос на истиот период лани, покажувајќи на тој начин најмало квартално намалување од почетокот на 2015 година.